Search

Минатата година помалку кражби во Велешко

 Во поширокиот велешки регион лани биле извршени 141 кражба, што е за 20 проценти помалку споредено со 2017 кога имало 175, инфомрират од СВР Велес.

Во реонот на Кавадарци, СВР Велес лани регистрирал 130 кражби, а  што е помалку за 9,1 процент споредено со 2017 кога биле 143 кражби.

Во реонот на Неготино лани полицијата регистрирала 36 кражби што споредено со 2017  е помалку за само две кражби кога имало 38.

Вкупно во трите општини во 2018  се регистрирани вкупно 307 кражби што е помалку за 14 проценти споредено со 2017, кога од  СВР Велес регистрирале вкупно  356 кражби за трите општини.

Треба да знаете
Последни објави