Search

Милошоски ќе и даде на Русковска „бомби“ за Заев и Рекет

Утре во 9:00 часот на моја иницијатива, во Обвинителството за борба против организиран криминал и корупција, ќе остварам средба со Вилма Русковска. Целта на закажаната средба е на обвинителката да и го предадам аудио материјалот доставен од укажувач, а на кој се препознава гласот на поранешниот премиер Зоран Заев, пишува пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски на неговиот фејсбук профил.

https://www.facebook.com/Antonio.Miloshoski/posts/3078766718809440

Тој додава дека во прилог на овој материјал ќе го достави и транскриптот од чија содржина, како што пишува, „произлегува сомнеж за тоа дека господинот Зоран Заев бил во тек со нелегалното финансирање на “Меѓународниот сојуз” на Бојан Јовановски преку рекетирање на стопанственици, како и дека тој лично од позицијата премиер го помагал финансирањето на телевизијата 1ТВ”.

Се надевам, додава Милошоски, дека овој материјал ќе му биде од корист на обвинителството во покренатото обвинение за овој предмет.

Треба да знаете
Последни објави