Search

Милошоски: Судскиот совет да поведе постапка против судијата во ТНТ

Републичкиот судски совет треба да поведе постапка за нестручно работење на судијата Ставрев поради повторување на постапката во случајот ТНТ, предлoжи пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски.

-Но, законот за кривична постапка е прецизен и одговорноста за ваквиот суштински пропуст во судењето за предметот “ТНТ” ја лоцира кај судијата Огнен Ставрев, како претседател на судечкиот совет. Според членот 349 од ЗКП точно претседателот на судечкиот совет Ставрев имал одговорност да побара од претседателот на судот (Џолев) да определи еден или двајца судии – поротници како замена, доколку е веројатно дека главната расправа ќе трае подолго. А со толку многу докази, вештачења, бројот на обвинети и уште поголемиот број на сведоци, како и со имањето на податоците за возраста на поротничката, судијата Ставрев можел и морал да знае дека главната расправа за “ТНТ” ќе трае подолго. Затоа, повторувањето на постапката за „ТНТ” е исклучива грешка на судијата Ставрев, заради неговото лошо менаџирање и ненавременото и немарно вршење на судската функција во водењето на постапката, напиша Милошоски на својот Фејсбук профил.

https://www.facebook.com/Antonio.Miloshoski/posts/3002427853109994

Треба да знаете
Последни објави