Search

Милошоски: Само Белизе има премиер министер за финансии, Заев: Белизе е многу близок на ДПМНЕ

Претениците од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски. Влатко Ѓорчев и Илија Димовски жестоко го критизираа премиерот Зоран Заев на денешната собраниска седница на која треба да бидат изгласани новите министри во Владата.

-Ако во иднина потпишете каков било документ како министер за финансии, а притоа таму си има заменик-министер Ширете Елези што го заменува министерот за финансии, вие Зоран Заев го кршите Законот за органите на државната управа. Тоа е единствениот премиер, со оној на Белизе, премиер да биде и министер за финансии, рече пратеникот Антонио Милошоски.

Премиерот Заев, кој претходно рече дека предлогот тој да биде и министер за финансии се повлекува на барање на Комисијата за спречување на корупција, реплицираше дека поимот „Белизе“ е многу близок за ВМРО-ДПМНЕ.

-За Белизе не знам од кај ви е познато, ама изгледа знаете вие. Законот за Влада го дозволува и ме обврзува на тоа да обезбедам целосна ефикасност на Владата. Премиерот може да влијае на политиките на сите министри. Моите политики после две години и овие економски перформанси како 26 отсто пораст на персоналниот данок треба да се менаџираат. Веројатно ви е страв дека добро ќе менаџирам, рече Заев.

По ова на собраниската говорница излезе и пратеникот Влатко Ѓорчев.

– Еден човек сака да биде и премиер и да ги води безбедносните служни и да ги раководи финансиите. Ова е „заевизам“. За еден ден распушти 70 претседатели на општинските комитети на СДСМ. Изјавите на Бранимир Јовановиќ, поранешниот советник во министерството за финансии, и Петар Атанасов, доскорешниот заменик-министер за образование, кажаа за каков деспотизам се работи, рече Ѓорчев.

На ова Заев му одговори дека СДСМ ќе победува се додека ВМРО-ДПМНЕ прокламира национал-популистички политики.

Илија Димовски беше следен кој излезе на говорница и рече дека Заев ќе продолжи да биде неформален министер за финансии и дека е тоа поигрување со законот.

– Доколку сакате да бидете министер за финансии, повлечете се како премиер. Или пак, можеби немате способен човек кој ќе сака да раководи со финансиите, наведе Димовски.

Заев на ова наведе дека ќе раководи по овластување до назначување на друг министер.

Треба да знаете
Последни објави