Search

Милошоски: Подобро Катица дома, отколку Заев во Аргентина

Пратеникот Антонио Милошоски на својот Фејсбук профил напиша дека вчерашната, според него, нарачана судска одлука за пуштање на бившата шефица на СЈО Катица Јанева во домашен притвор, за него покажало демант на манипулациите на премиерот Заев и неговата вмешаност во случајот „Рекет“.

-И на крајот, откако помина самитот во Брисел, не се доби датумот кој лани се прославуваше, откако е лоциран кривецот во Париз и наближуваат изборите на кои Заев ќе се збогува од влијателната премиерска позиција, следи втората фаза во случајот Рекет, а тоа е политичка контрола на текот на судењето, кое за јавноста треба да изгледа законито, но пресудите мора да се однапред усогласени меѓу Заев, Катица и главниот обвинител. Заев е свесен дека Катица Јанева премногу знае за шемата според која се рекетирале стопанственици и се уценувале пратеници и кој И ги давал насоките за дејствување на телефонот што го “изгуби”. Веројатно затоа премиерот и неговите судии одлучиле дека е подобро Катица да оди дома, отколку Заев да оди за Аргентина“, напиша Милошоски на Фејсбук.

https://www.facebook.com/Antonio.Miloshoski/photos/a.670461269640009/2871733039512810/?type=3&__xts__%5B0%5D=68.ARCcN_tFVy55MFEC7SAVXf_3VVSGUvVCbYB6ly4PRNEN08lpgXN57ME2-6qpGnhBJLMnNlowiSUNlbcwlyyfa3YQbtivFSIMdb5-2ATNL2boznY6cSKxz0u_UmzapdFnn5s-1_PK5EhdxEOTHKBCkZx-NjjOgQpmF2jCC_gP0uqQlKSOxrEGH1f7l2Tay4Vq-Ll0BGZMBtkN7ZdvRcZx9blB6A-Nh9MuPKP8nBKliS2r7DxwbGFuMS8-a3ty9QpF5_TyUimmlJRNJUSCFehRArAIaOWgVz2QFjv9PGrQGOoy-FAQCUAOxUT7_RqM7Ji0MIq9z5gVYlS_Q5uk5MfYHS86aA&__tn__=-R

Треба да знаете
Последни објави