Search

Милошоски до Адеми: Бевте во удобна дремка и ги заборавивте децата со посебни потреби

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ , Антонијо Милошоски имаше свое обраќање на собраниска седница и му реплицираше на колегата од ДУИ, Арбер Адеми кој како поранешен министер за образование кој ги повика пратениците од опозицијата да дадат поддршка на предложените измени на законите за основно и средно образование, а кои се потребни за да се спроведе безбедна и онлајн настава во училиштата од 1 октомври.

Тој објасни дека било каква вербална расправа во парламентот нема да им помогне на родителите и на учениците.

На говорењето на Адеми реагираше пратеникот Антонио Милошоски кој се согласи дека се работело на формирање на параментарното мнозинство, но не и за интересот на учениците.

Тој посочи дека власта со својата измена во основно образование ги заборави и учениците со посебна потреба, со што тие се доведени во нееднаква положба со останатите ученици за да си го остварат своето право на образование.

„Министерството за образование и во август и во септември било во една удобна дремка додека се водеа преговори за влада, за министерства, за ресори и за комисии. Тогаш се запоставија потребите на учениците, на училиштата и на родителите“, нагласи Милошоски.

Милошоски посочи еден пример. Иако уште во август месец цела влада имала еден извештај од училиштата основни и средни за деца со посебни потреби и бил достапен. Но во предлог измените за законот за основно и средно образование нема ниту една норма, ниту еден предлог како учениците со посебни потреби да го остварат своето еднакво право на образование како и сите други ученици во Македонија. „Од анализата која што сте ја добиле преку народниот правобранител ќе ви цитирам само неколку заклучоци.

„Овој тип на настава се смета н онлајн наставата е несоодветен за учениците со попреченост и дека ништо не може да ја замени директната лице в лице работа со овие ученици“. Дека голем број на овие ученици ги немаат потребните ресурси вклучително и поддршка за следење на наставата од одма. Дека во реализација на онлајн наставата училиштата за ученици со посебни потреби и попреченост се сретнуваат со големи пречки затоа што голем дел од овие ученици не се во можност да следат онлајн настава бидејќи имаат потреба од лично наведување од лични инструкции, од лична работа на учител“, појасни Милошоски.

Милошоски додаде дека во основно образование има околу 300 пријавени ученици со посебни потреби. Но со недостатокот на решение во овој закон за основно образование, власта спротивно на Уставот член 9, учениците со посебни потреби ги доведуваат во нерамноправна положба, неееднаква положба со останатите ученици за да си го остварат своето право на образование.

Треба да знаете
Последни објави