Search

Милошоски: Во овој момент имаме двајца аболицирани политичари кои што се занимаваат со политика

Денешната прес конференција ќе биде на тема поврзана со автентичното толкување, кое што ќе повторам, вчера СДСМ имаше шанса да усвои какво сака автентично толкување, без да има опструкција од било кого во собраниската комисија за законодавни правни прашања. Но очигледно е дека во последен момент, некој подобар правник од министерката Дескоска им укажал дека доколку усвојат автентично толкување дека Членот 11 не постои истото толкување ќе мора законски да се вгради односно поништи Членот 11 во законот за помилување од 1993 година па наваму. И во тој случај единствениот дежурен политичар корисник на  политички помилувања господинот Заев ќе паднеше повторно на суд, односно ќе мораше да биде отворен случајот Глобал за кој што аболицираниот Заев беше помилуван во 2008 година.

Затоа ги повикуваме уште еднаш, за да нема во иднина злоупотреба на било какви аболиции за политичари да ја прифатат иницијативата за надополнување на Законот за помилување и Законот за избрани и именувани функционери, каде што политичари кои што се помилувани нема да имаат можност да се занимаваат со политика или друга државна или јавна функција.

Во овој момент имаме двајца аболицирани политичари кои што се занимаваат со политика, тоа е премиерот Заев и вториот е државниот секретар во министерството за локална самоуправа од Струмица кој што исто така беше помилуван за случајот Глобал, во 2008 година.

Сметаме дека на ваквиот начин ќе може не само да се реагира во денешно време и да се превенира злоупотребата на политиката за аболиции туку ваков еден законски текст и измени би влијаеле превентивно и воспитно во иднина да не можат политичарите да очекуваат аболиција за нешто што го направиле како  криминално дејствие во текот на нивното вршење на функцијата.

Втората работата што сакам денес да ја истакнам е конфузијата која што постои во правниот тим на СДСМ. Во 2016 година кога Уставниот суд одлучувал за поништување на дел од измените на Законот за помилување од 2009 година  имаме четворица уставни судии кои што имале издвоено мислење, не се согласувале со одлуката на Уставниот суд.

Тие четворица судии се г-ѓа Габер Дамјановска, член на СДСМ, функционер на СДСМ, моментално директор на Академијата за судии и јавни обвинители, г-динот уставен судија Исмаил Дарлишта, г-ѓата судија Гзиме Старова, по предлог на претседателот Црвенковски е избрана за уставен судија, и г-динот судија денес претседател на Уставниот суд Сали Мурати. Овие четворица уставни судии во 2016 година во издвоеното мислење тврдат дека уставниот суд со укинувањето на дел  измените на Законот за помилување од 2009 година го враќаат во правна сила Членот 11 врз основа на кој претседателот на државата може по своја оценка, а по интерес на републиката да носи поединечни акти за помилување.

Затоа нашето главно прашање до СДСМ е кој го води правниот тим во оваа политичка партија каде што колку што има функционери и правници  толку има различни мислења. И оваа правна конфузија во владејачката партија навистина е непотребно да ја внесуваат како правна несигурност во целата држава, а со самото тоа да создаваат и правна несигурност на  граѓаните на судовите и на другите институции кои што треба да се занимаваат со вакви важни материи.

Треба да знаете
Последни објави