Search

Милошоски: Во МНР нема записник од разговорите меѓу Заев и „Порошенко“

Пратеникот Антонио Милошоски од свои извори дознава дека во МНР не постои архивиран записник од разговорите меѓу премиерот Зоран Заев и лажниот Петро Порошенко и лажниот Столтенберг.

– Според релевантни извори од МНР не постои уредно архивиран записник од советниците Бојан Маричиќ и Дане Талески од првиот разговор на Заев со Лажниот Порошенко (август 2018та). Но, дали Заев ја говори вистината или ги манипулирал новинарите, наскоро ќе дознаеме, преку обврската на премиерот и министерот за надворешни да одговорат на пратеничко прашање, напиша Милошоски на Фејсбук.

https://www.facebook.com/antonio.miloshoski.9/posts/2739597266069535

Треба да знаете
Последни објави