Search

Милошоски бара од МНР информација за Меморандумот од Софија

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на Комисијата за надворешна политика во Собранието, Антонио Милошоски на својот Фејсбук профил објави документ кој содржи барање до Министерството за надворешни работи за достава на Информација во врска со Меморандумот испратен од Бугарија до членките на Европската Унија.

Тој бара министерот Османи да достави Информација за како што пишува, Меморандумот испратен од страна на Република Бугарија до членките на ЕУ, кој го засега јазичниот, националниот и културниот идентитет на македонскиот народ, а истовремено може да има и негативни импликации кон долгоочекуваниот почеток на преговорите со Европската Унија.

https://www.facebook.com/Antonio.Miloshoski/posts/3660172217335551

Треба да знаете
Последни објави