Search

Милошевиќ беше закопан пред 12 години, но не се знае каде е неговиот мозок

Телото на поранешниот претседател на Србија, Слободан Милошевиќ веќе 12 години се наоѓа под липите во Пожаревац, но без мозокот кој бил изваден и задржан во Хаг. Тој наводно се наоѓа во Форензичкиот институт на Холандија, објави српскиот Ало повикувајќи се на извори во ББЦ.

Дека телото на Милошевиќ во Србија е пренесено без мозок откри Кристијан Шартие, кој во времето на смртта на Милошевиќ беше портпарол на Хашкиот суд.

-Се сеќавам дека Милошевиќ во март 2006 година беше вратен во Србија без мозок. Не знам што било после, дали мозокот е вратен или тој останал во институтот, или е уништен, рече Шартие.

Флоренс Хартман, поранешна портпаролка на обвинителката Карла дел Понте, дополнително ја продлабочи оваа мистерија.

-Поради строгите холндски закони за приватност не можевме да провериме дали останал само мозокот или и други делови од телото на Милошевиќ во Хаг. Само холндските и српските државни институции и семејството можат да добијат таква информација, рече Хартман.

Милошевиќ не е единствениот чиј мозок е врзан со превзот на мистеријата. Една од работите кои со години се криеа од јавноста е дека мозокот на убиениот американски претседател, Џон Ф. Кенеди, кој му бил изваден од телото во текот на аутопсијатаогијата, исчезнал.

По убиството во 1963 година мозокот бил ставен во стаклен контејнер, кој подоцна беше сместен во просториите на тајната служба и подоцна беше префрлен во Национален архив. Три години подоцна откриено е дека мозокот исчезнал и никогаш не бил пронајден.

Кога Алберт Ајнштајн почина од прскање на аневризмата во абдоменот во 1955 година, патолог  Томас Харви од болницата во Њу Џерси го украде неговиот мозок. Но, набрзо бил уапсен.

Ајнштајновото тело, според негова желба, беше кремирано во Њу Џерси, а пепелта беше распрскана над реката Делавер. Единствениот дел од телото што не е кремиран е неговиот мозок и очите за кои до ден денес не се знае каде се. Не се знае зошто властите му дозволиле на Харви да го задржи мозокот, односно негови делови кои на крајот ги подарил на болницата во Прстон. Сега делови од мозкот има само во Музејот во Филдалфија.

Треба да знаете
Последни објави