Search

Милитанти на ИД ја нападнале караулата на границата меѓу Таџикистан и Узбекистан

Вооружена група од 20 непознати маскирани мажи во средата вечертата нападнале караула на границата меѓу Таџикистан и Узбекистан, соопшти прес-центарот на Граничните сили на Државниот комитет за национална безбедност на Таџикистан, пренесува ТАСС.

„Ноќта кон 6 ноември, вооружена група од 20 непознати маскирани лица ја нападнала караулата 4 Искобод на воена единица од граничниот оддел Султанабад, користејќи огнено оружје“, се вели во соопштението.

Напаѓачите заплениле и пет парчиња огнено оружје.

За време на операцијата спроведена од безбедносните сили, 15 вооружени лица биле опколени и неутрализирани, а пет други се приведени. Во овој обид беа убиени и еден војник на граничните сили и вработен на Министерството за внатрешни работи на Таџикистан.

Нападот бил изведен од милитанти на Исламска држава кои дошле од Авганистан, соопшти Државниот комитет за национална безбедност на Таџикистан.

Според Државниот комитет за национална безбедност, вооружените лица пристигнале во областа Кабодијон во Таџикистан на 3 ноември од провинцијата Кундуз во североисточниот дел на Авганистан.

За време на сослушувањето, терористите признале дека караулата Искобод им била најзгодното место за напад. Караулата се наоѓа во близина на Рудаки, на околу 50 км западно од главниот град Душанбе, на границата помеѓу Таџикистан и Узбекистан.

Треба да знаете
Последни објави