Search

Милионски казни за сите производители на бела техника кои го програмираат рокот на траење

Купувате нова машина за перење со пет до седум години гаранција или фрижидер кој трае три години. Не се радувајте премногу бидејќи со рокот на траење завршува и векот на апаратите. Производителите при производството најчесто го програмират и рокот до кога треба да трае апаратот. По истекот на гаранцијата поправката практично е неисплатлива бидејќи резервните делови чинат колку половина апарат или воопшто ги нема.  

Министрите за екологија на Европа деновиве предложија нов закон со кој сите производители на бела техника кои го програмираат рокот на траење без разлика дали се големи или мали кујнски апарати ќе плаќаат дебели казни. Во исто време со новите прописи истите ќе мора да го продолжт рокот на траење ако делот кој се расиал е многу скап и да обезбедат резервни делови најмалку за пет до седум години откако ќе заврши гаранцијата на последниот модел од иста серија. Сличен предлог закон има и во 18  американските држави.

Комитетот за внатрешен пазар и заштита на потрошувачите на Европскиот парламент оваа недела го усвои Извештајот за продолжување на гаранциите за бела техника со кои треба да се продолжи животниот век на уредот. На истата седница беа усвоени и предлозите на хрватската еуропарламентарка Билјана Борзан која бараше забрана за производство на сите уреди од бела техника кои беа со програмиран рок на траење. Во исто време производителот мора да обезбеди резервни делови на сите машини повеќе од пет години и обележување на самите апарати со минимален рок на траење. Ваквата одлука на парламентот доаѓа откако беше спроведено истражување во кое дури 92 отсто од граѓаните на Франција сметаа дека производите што ги купуваат се програмирани да траат до денот додека имаат гаранција односно истите да се расипуваат веднаш откако гаранцијата ќе им истече- стои во извештајот.

Потрошувачите мора да имаат право на избор

Најголем дел од европските држави веќе имаат развиено национална легислатива за проблемот со расипување на белата техника. Така во Франција е законски забрането програмирано расипување. Во Австрија постои ознака на уредите кои подолго траат и полесно се поправаат. Во Шведска пак на потрошувачите кои ги поправаат своите уреди државата им дава даночни олеснувања. Според македонските прописи на увозниците им се налага за секоја марка да има и сервис.

Кога се увезува бела техника или електрични апарати секој увозник мора да има склучено договор со некој сервис и да има обезбедено резервни делови извесен период. Од тој аспект нашите потрошувачи законски се заштитени. При тоа имаат и гаранција за одреден временски период- велат во Организацијата на потрошувачи на Македонија.

Цела работа започна неодамна во Европската комисија која во соработка со Европските потрошувачки центри спроведе истражување кое покажа дека машината за перење е програмирана да се расипе по одреден број на вртежи при перење, телевизорите по неколку илјади часа користење, а принтерите за печатење на одреден број на страници.

Луѓето се жалат дека нивниот уред умира веднаш по истекот на гаранцијата. Тоа не може да биде случајно, и мора да биде забрането. Треба да се направат и разумни цени на резервни делови во случај на помали дефекти на уредите. На пример, кога се крши осовината во машина за перење, мора да го замени целиот тапан, бидејќи не постојат мали делови. Ова значи дека подобро е да купите нов уред отколку да го поправате стариот- велат во европските Организации на потрошувачи.

Само пред еден месец Европската комисија излезе со истражување дека половина од малите апарати за домаќинство кои се продаваат на пазарите на Европската унија не се безбедни за употреба и немаат ознаки за квалитет. Таа беше и една од причините поради која ЕУ неодамна донираше околу 4,5 милиона евра за купување на опрема за  домашна лабораторија која во иднина треба да го испитува квалитетот на апаратите на нивниот пазар. Ова важи и за апаратите кои се продаваат он-лајн и надвор од продавниците кои се наменети за тоа.

Малите апарати без ознака за квалитет

Половина од малите апарати за домаќинство кои се продаваат на пазарите на Европската унија не се безбедни за употреба и немаат ознаки за квалитет- стои во истражување направено од страна на Европската комисија. Таа е една од причините поради која ЕУ неодамна донираше околу 4,5 милиона евра за купување на опрема за  домашна лабораторија која во иднина треба да го испитува квалитетот на апаратите на нивниот пазар. Ова важи и за апаратите кои се продаваат он-лајн и надвор од продавниците кои се наменети за тоа.

Валентина Ангеловска

Треба да знаете
Последни објави