Search

Милионер нуди 16.000 евра на оној што ќе ја заведе неговата свршеница

Милионер решил да ја стави својата свршеница на тест пред да се ожени, за да се осигура дека му е верна. Тој понудил 16.000 евра на  секој што  ќе се обидел да ја заведе неговата девојка.

Тие се во врска повеќе од една година, но бидејќи претходно имал лоши искуства со жените кои биле со него само заради пари, решил овој пат да биде сигурен.

Милионерот, наводно, бил загрижен бидејќи неговата свршеница сакала церемонијата да заврши што е можно побрзо, а и го одбила предбрачниот договор.

Затоа, решил да побара помош и да се увери дека му е верна.

Идејата да види дали некој богат, атрактивен млад човек би можел да ја преземе од него, ја пренесува британски „Мирор“.

На потенцијалниот заводник кој ќе се обиде да ја заведе неговата свршеница му нудел 16.000 евра, како и пристап до луксузен стан, неколку добри автомобили и буџет за да може да изгледа како богаташ.

Од кандидатот се барало да изгледа добро, да биде убедлив и во добра физичка форма.

Засега не е познато дали некој се согласил на неговата мала измама.

Треба да знаете
Последни објави