Search

Милевски: Примивме гол од невнимание, а не реализиравме кога требаше

Македонија У21 за првпат не победи во квалификацискиот циклус за ЕП 2021 и на домашен терен одигра реми со Казахстан (1-1). По натпреварот, селекторот Благоја Милевски истакна дека нереализираните шанси во клучните моменти го направиле своето.

-Пред се, честитки за фудбалерите што одиграа еден ваков натпревар и што го дадоа својот максимум и што го исполнија сето она што беше договорено. На таква репрезентација ѝ создадовме многу шанси, но за жал остави трага мечот со Црна Гора, пред се на физички план која и тоа како се забележа во средината на второто полувреме. Немам што да замерам, се што беше анализирано и барано го исполнивме. Еден момент на невнимание и концентрација направи да примиме гол. Ни се повторува од она со Црна Гора, што не реализиравме кога треба, изјави Милевски.

Македонија по ова реми останува на врвот на табелата со седум бода, но конкурентите имаат натпревари помалку на своето конто. Следни натпревари за нашиот национален тим се во ноември, кога следат две врзани гостувања кај Шпанија и Фарски Острови.

Треба да знаете
Последни објави