Search

Милевски: Македонија е аутсајдер само на хартија, на теренот ќе се прашаме и ние

Македонија го доби најтешкиот можен пат во баражот за да стаса на премиерен настап на  Светското фудбалско првенство 2022 во Катар. Актуелниеот европски првак Италија, а потоа најверојатно претходниот европски владетел Португалија, доколку ја оправда фаворитската улога против Турција во другиот полуфинален натпреавр од групата Ц.

-Италија е актуелен европски првак. Имаме голема почит за противникот и за нивниот селектор. Многупати сум напоменал дека го ценам како селектор и како тренер. Сметам дека е најзаслужен за европската титула на Италија. Под негово водство, сведоци сме на една нова, модерна фудбалска Италија која ги надминува стереотипите базирани само на дефанзива. Играат сосема поинаков фудбал, тоа ги отежнува работите за сите нивни противници, сега и за нас се разбира, но мора да се прилагодуваме на предизвиците. Македонија има свои квалитети, не случајно сме во баражот и ќе се потрудиме да бидеме конкурентни и на овој натпревар. Покажавме дека без разлика дали играме на домашен или на гостински терен можеме да се спротивставиме на секој противник, се разбира дека ќе ни недостасува поддршката од публиката, но околностите не можеме да ги менуваме. Во денешниот фудбал аутсајдери има само на хартија. Сето она што се случува на терен е сосема друга приказна. Според рејтингот, Италија е фаворит, но на терен за исходот на мечот во голема мера ќе се прашуваме и ние. Покажавме во текот на квалификациите дека имаме квалитет, како и сите други учесници во баражот и ќе се потрудиме тоа да го потврдиме, вели Благоја Милевски, македонскиот селектор во првата реакција по ждрпката.

Треба да знаете
Последни објави