Search

Милевски ги избра стартерите за Германија: Елмас на крило, Јаховиќ во напад

Македонија за нешто повеќе од еден час ќе се судри со Германија во спектаклот на Националната Арена „Тодор Проески“, па селекторот Благоја Милевски ги избра единаесетмината стартери за вечерашната пресметка од осмото квалификациско коло во овој мундијалски циклус.

Во составот се враќа Висар Муслиу на стоперската позиција откако ја одлежа суспензијата од еден меч за жолти картони, а Адис Јаховиќ е избор за нападот, откако Милан Ристовски, кој три меча по ред е стартер е суспендиран за овој дуел.

Милевсмки тргнува со засилен среден ред, а Елиф Елмас добива шанса како лево крило во формацијата 4-3-3 во која Дарко Чурлинов останува на десно крило, а Јаховиќ во напад, додека во средниот ред Аријан Адеми, Бобан Николов и Тихомир Костадинов ќе биде триото кое ќе види жестока битка со Германците.

Во одбраната Муслиу и Дарко Велковски се стопери, Стефан Ристовски е десен бек, а Езџјан Алиоски стандардно лев бек. На голот е Столе Димитриевски.

Треба да знаете
Последни објави