Search

Милевски во работна посета во Албанија

Приоритетите во новата Програма за прекугранична соработка меѓу Северна Македонија и Албанија, во рамки на ИПА III програмскиот период 2021-2027 година, ќе биде темата на која ќе разговараат на денешната средба министерот за локална самоуправа Горан Милевски, кој е во работна посета на  Република Албанија, и заменикот министер за Европа и надворешни работи, Сокол Дедја.

Како што е најавено од Министерството за локална самоуправа, на средбата ќе се разговара за искуствата од досегашната имплементација на ИПА II и за потенцијалните стратешки проекти кои би се финансирале со средства од предпристапните фондови на Европската Унија, наменети за прекугранична соработка, во следниот програмски период до 2027 година.

Треба да знаете
Последни објави