Search

Милвоки преку шампионот Торонто до 50. победа сезонава

Тимот на Милвоки бакс ја забележа победата број 50 во тековната НБА сезона, откако ноќеска на гостински терен го совлада бранителот на трофејот Торонто репторс со 97:108 .

Најзаслужни за, триумфот на Бакс беа Крис Мидлтон со 22 поена и осум скока и Јанис Адетокунбо со 18 поени и 17 скокови.

Лос Анџелес лејкерс славеше против Њу Орлеанс 118:109 во меч на кој првиот пик на драфтот Зион Вилијамсон за прв пат се сретна со Леброн Џејмс на теренот.

Со расположен Џејмс на теренот, Лејкерс немаше многу проблеми. Домаќините водеа во поголем дел од мечот, а Леброн беше вистински предводник на теренот. Првата ѕвезда на тимот даде 40 поени погодувајќи 17 од 27 удари од поле, а имаше и осум скока и шест асистенции.

На спротивната страна, Зион заврши со 29 поени и беше втор стрелец кај Пеликанс, зад Брандон Инграм кој даде 34 поени.

Резултати на другите натпреварите од НБА лигата одиграни ноќта меѓу вторник и среда:
Индијана – Шарлот 119:80
Чикаго – Оклахома Сити 122:124
Денвер – Детроит 115:98
Портланд – Бостон 106:118
Голден Стејт – Сакраменто 94:112.

Најуспешен тим на Запад е ЛА Лејкерс со 44 победи и 12 порази, Милвоки е лидер во Источната конференција со биланс  50 победи и осум порази.

Треба да знаете
Последни објави