Search

Милан преговара со Расинг Клуб за Сарачо

– Како што пренесува „Калчомеркато”, Милан постигнал договор со играчот од средниот ред Матијас Сарачо, кој го носи дресот на Расинг Клуб.

Двата тима сега треба да ја утврдат цената на трансферот за 21-годишниот Аргентинец. Јужноамериканците вршат притисок за 25 милиони евра, но се склони кон преговори, додека „росонерите” се подготвени да се разделат со 15 милиони евра за да гопривлечат талентираниот фудбалер.

Милан се обиде да го привлече играчот во зима, но тогаш клубовите не дојдоа до консензус.

Сарачо е офанзивен фудбалер од средниот ред, но може да игра на двете крила. Оваа сезона тој има 17 натпревари со 4 гола и 1 асистенција во нив.

За него се заинтересирани и шпански екипи, но претпочита да го носи „црвено-црниот” дрес

Треба да знаете
Последни објави