Search

Милан победи и времено се искачи на лидерската позиција во Серија А

Милан времено е новиот лидер во италијанската фудбалска Серија А, откако лесно со 2:0 ја совладаа Салернитана во рамки на 16. коло како домаќин. Иако настапија без капитенот Симон Кјаер, за кого најверојатно заврши сезоната, „росонерите“ немаа проблеми против Салернитана и работата ја завршија во првите 20 минути од натпреварот.

Првиот гол го постигна Франк Кеси во петтата минута, а во 18. Алексис Салемакес зголеми на 2:0, што беше и конечен исход на овој меч.

Со оваа победа, Милан има 38 бода, два повеќе од Наполи кој вечерва од 20.45 часот игра пред своите навивачи со Аталанта, и четири од Интер кој и гостува на Рома. овој натпреавр е во тек и моменталниот резултат е 0:0.

Треба да знаете
Последни објави