Search

Милан Кундера по 40 години повторно државјанин на Чешка

Познатиот писател Милан Кундера повторно е државјанин на Чешка, откако му е врачено државјанство по 40 години откако истото му беше одземено.

Амбасадорот на Чешка во Франција, Петр Друлак за чешката телевизија изјави дека минатата недела му врачил на 90-годишниот Кундера документ за државјанство на Чешка во неговиот стан во Париз.

Враќањето на државјанството на писателот на книгата „Неподнослива леснотија на постоењето” е резултат на минатогодишниот состанок на Кундера со чешкиот премиер Андреј Бабиш во Париз.

Кундера замина од комунистичката Чешкословачка и од 1975 година живее во Франција, каде ги објави некои од најпознатите дела, како што се „Книга на смеата и заборавот”, „Уметност на романот” и „Бесмртност”.

Неговите подоцнежни дела се пишувани на француски, но не се преведени на чешки јазик.
Кундера повеќепати ја посетил Чешка, но никогаш не разговарал со новинарите.

Треба да знаете
Последни објави