Search

Милан и Лацио водат во борбата за Геце

Играчот од средниот ред на Борусија, Дортмунд, Марио Геце ќе го напушти клубот летово. Според „Фудбал Италија”, во борбата за фудбалерот предничат калчолигашите Милан и Лацио.

Исто така, Геце го бараат Рома, Ница, како и клубови од Премиер лигата, Турција и Кина.

Забележано е дека Геце очекува да добие плата близу до сегашните пет милиони евра.

Оваа сезона, 27-годишниот Германец има одиграно 14 натпревари во Бундеслигата и постигнато три3 гола.

Треба да знаете
Последни објави