Search

Милан бара заменик на Донарумa

Раководството на Милан веќе разгледува потенцијални замени на голманот Џанлуиџи Донарума, пренесува „Газета дело Спорт”.

Младиот фудбалер е незаменлив за „росонерите”, но во последните месеци се зголемуваат информациите дека тој може да биде продаден. Интересот за него е голем, а на Милан му требаат свежи пари во касата, па затоа нема да биде изненадување ако Џиџи замине од „Сан Сиро” во јануари или на лето.

Идентификувани се и двајца играчи во Милано, кои може да го заземат местото на Донарума, ако биде продаден. Првиот е Алесандро Плиџари, кој игра во Ливорно во Серија „Б”, но половина од неговите права се во сопственост на „росонерите” и тие лесно можат да го вратат во својот состав.

Другата опција е да се привлече третиот голман на Јувентус, Матијас Перин, кој целосно ја загуби шансата да се бори за место под рамката по враќањето на Џанлуиџи Буфон во Торино.

Треба да знаете
Последни објави