Search

Миланов: Не постои доказ дека Трајко, Миле и Спиро го организирале „крвавиот четврток“

Со измислени сведоци и во стилот на ОЗНА од 1948 година се обвинети поранешниот собранискиот спикер Трајко Вељаноски, како и екс министрите Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски и поранешниот прв човек на УБК, Владимир Атанасовски, сметаа нивните адвокати.

На денешното рочиште од судењето против четворицата обвинети дека ги организирале крвавите настани од 27 април 2017, велат дека обвинението против Трајко Вељаноски, Миле Јанакиески, Спиро Ристовски и Владимир Атанасовски сите негираа вина.

Според нивните адвокати, пак, обвинението не е поткрепено со никакви докази и личи на „осуда на патриотите од 1948 година кога биле осудувани патриотите кои се бореле за независна Македонија“.

-Начинот на кој се води ова судење и начинот на постапување на обвинителството е во најдобрите традиции од 1948 година, кога врз основа на измислени сведоци, беа осудувани голем број патриоти кои се бореа за независна Македонија“, рече Јордан Апостолски, адвокат на Атанасовски.

Адвокатот Еленко Миланов, пак, вели дека обвинението не се темели на никакви докази.

-Во конкретниот случај и од воведниот говор на самото обвинителство, не можевме да видиме посочување на ниту еден доказ. Не постои порака или организирање од Спиро и Миле на било кого. Не постои организиран превоз за тој ден, ниту доказ за такво нешто, а не може постапувањето по деловникот на Трајко Вељаноски да биде карактеризирано како тероризам, рече Миланов.

Наредното судење е закажано за 9-ти март, кога обвинетите ќе го дадат својот воведен говор.

Треба да знаете
Последни објави