Search

Мигрант осуден за убиство на девојче се обесил во германски затвор

Авганистански мигрант осуден за убиство на 15-годишно девојче во Германија е пронајден обесен во неговата затворска ќелија. Младиот човек, идентификуван како Абдул Д., бил осуден на осум години затвор, пренесува АП. Неговото тело е пронајдено во затвор за малади сторители во Шиферштад, Германија. Во затворската изјава се вели дека тој не покажувал самоубиствени тенденции. Авганистанецот прободел 15-годишно девојче во аптека во северозападна Германија во 2017 година, а злосторството предизвика протести и дебати за растечкото насилство извршено од мигранти во таа земја.

Треба да знаете
Последни објави