Search

Мигрант од Мароко фатен со марихуана во прифатниот центар во Табановце

СВР Куманово поднесе кривична пријава против М.Ј.(24), државјанин на Мароко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

На 21.02.2020 во прифатен центар за странци „Табановце“ во с.Табановце, кумановско, пријавениот неовластено држел наркотична дрога марихуана, која била пронајдена и одземена од полициски службеници при преглед на бараката во која бил сместен пријавениот.

Треба да знаете
Последни објави