Search

Мигрант од Камерун пронајден мртов во прифатен центар на Лезбос

Мигрант од Камерун денеска бил пронајден мртов во прифатниот центар Морија на грчкиот остров Лезбос, јави дописничката на МИА од Атина.

Дваест и четиригодишниот мигрант го пронашле негови пријатели, по што тој веднаш бил пренесен во болница, но лекарите не успеале да го спасат.

За причините за смртта, кои што засега се непознати, министерот за миграциска политика на Грција, Димитрис Вицас во интервју за грчкото радио „Сто кокино” рече дека се очекува извештајот од судска медицина по направената обдукција на телото.

Треба да знаете
Последни објави