Search

Мигрант нападнал полицајци во Рим, се фалел дека судот нема ништо да му направи

Мигрант кој бил уапсен откако ја нападнал полицијата во Рим, продолжил да им се  заканува на полицајците додека бил во притвор  и се фалел дека судиите нема да му направат ништо, пренесува „Ил Џорнале“.

Полицијата го уапси 36-годишниот Африканец во понеделникот вечерта откако била повикана во областа Сан Лоренцо каде што мигрантот фрлал шишиња во јавен парк. Кога пристигнала полицијата, мигрантот станал агресивен и нападнал еден од полицајците, извикувајќи: „Ќе те убијам со сопствени раце. Ќе те уништам“.

Потоа мигрантот се стрчал кон една продавница, но полицијата го запрела, го ставила под контрола користејќи бибер-спреј и го ставила во притвор. Додека се наоѓач во полицискиот автомобил, Африканецот продолжил да биде агресивен и им се заканувал на полицајците, велејќи: „Судијата утре нема да ми направи ништо и јас ќе ве чекам надвор“.

Според весникот, мигрантот веќе ѝ е добро познат на локалната полиција и има долг список на кривични пријави. Полицаецот што бил нападнат бил лекуван во локалната болница поради неговите повреди и добил десет дена отсуство.

Во меѓувреме, друг африкански мигрант бил уапсен за насилство оваа недела во Катанија откако со стаклено шише нападнал турист во Торино.

Гамбиецот, кој нелегално дошол во Италија, се обидел да изнуди пари од туристот земајќи му ги очилата и барајќи му пари за да му ги врати. Кога туристот го одбил, 28-годишниот Гамбијанец го удрил неколку пати во лицето со стаклено шише, нанесувајќи му длабоки исеченици. Подоцна полицијата го пронашла и уапсила Гамбиецот, а полицајците откриле дека  само неколку дена пред тоа тој бил уапсен за истото дело.

Случајот доаѓа само неколку дена откако беше откриено дека неколку мигранти отпатувале во град на италијанската ривиера, користејќи го владиниот „бонус за одмор“, за да ограбуваат и напаѓаат туристи.

Треба да знаете
Последни објави