Search

Мигрантка скриена во багажник на автомобил откриена на ГП Блаце

Девојка на возраст од околу 20 години била откриена во багажник на автомобил на македонски државјанин кој сакал да влезе во државава преку граничниот премин Блаце.

Според информациите на Царинската управа, во текот на минатава недела за влез во државата се пријавил македонски автомобил управуван од македонски државјанин, кој одбивал да одговори на прашањата на царинските службеници и не дозволувал да се изврши контрола на возилото.

Со асистенција на полициските службеници од граничниот премин, била извршена контрола на возилото и во багажникот била пронајдена девојка на возраст од околу 20 години без документи за лична идентификација.

Случајот е предаден на полициските службеници за понатамошна постапка.

Треба да знаете
Последни објави