Search

Мигрантка која работела за Трамп: Уморна сум од злоставувања, навреди и начини на кои зборува за нас

Илегална мигрантка која работела како чистачка во голф клубот на американскиот претседател Доналд Трамп, раскажува дека во клубот има вработени голем број мигранти. Викторина Моралес за „Њујорк тајмс“ раскажува дека повеќе од пет години ги местела креветите на Трамп, му ги чистела тоалетите, како и трофеите кои ги добивал на голф турнирите, пишува „Њујорк тајмс“.

Моралес (45), која во САД дошла илегално уште во 1999 година, рекла дека не е единствена која е вработена во клубот на Трамп. Покрај неа има и други илегални мигранти. Една од нив е и Сандра Дијаз, со потекло од Костарика, сега легално престојува во САД, но од 2010 до 2013 година работела во Бедминстер како чистачка, во период кога немала пријавен и одобрен престој.

„Тој е многу педантен во се. Ако стигне ненајавен, сите полудуваат. Трамп испитува се и коментира“ рекла Дијаз. Додала дека еднаш кога тој бил задоволен со нејзината работа, и` дал 100 долари.

Моралес ја повредиле коментарите на Трамп, откако станал претседател, во кои ги изедначил мигрантите од Латинска Америка со насилните криминалци.

„Коментарите беа еднакво злобни како оние кои ги слушав на работа. Надзорникот ме злоставуваше со коментари за мојата интелегенција и миграцискиот статус“ рекла Моралес.

„Уморна сум од злоставувања, навреди и начини на кои Трамп зборува за нас, додека ние работиме за тој да заработи пари. Се потиме за да ги исполниме неговите потреби и замисли и треба да трпиме понижувања“ додала таа. Моралес на работа во БЕдминстер заработува 13 долари на час.

Моралес и Дијаз проговориле за „Њујорк тајмс“ во договор со нивната адвокатка Анибал Ромер, која ги застапува на суд за миграциски прашања. Моралес е свесна дека поради разговорот со новинари би можела да биде депортирана, па поднела барање за азил. Во тек е и тужба за злоставувања и дискриминација на работното место.

Од голф клубот на Трамп не сакаа да коментираат премногу за тврдењата на двете вработени.

„Имаме десетина илјади вработени и многу строга селекција кај вработувањата. Ако некој дал лажна документација, ќе добие моментален отказ“ стои во нивниот одговор. Белата куќа воопшто не дала коментар за овој случај.

Трамп во неговата кампања тврдеше дека со сите сили ќе забрани илегален влез на мигранти и нивно вработување.

Треба да знаете
Последни објави