Search

Мигранти палејќи ѓубре и гуми запалиле две згради во БиХ

Мигрантите во понеделникот предизвикаа големи пожари во две напуштени згради на подрачјето на Велика Кладуша, што не е ретка појава во овој град во БиХ, потврди Министерството за внатрешни работи на кантонот Уна-Сана, објави сараевскиот портал Кликс.

„Ова се инциденти во кои дојде до палење на ѓубре и гуми. Пожарникарите реагираа брзо и ги угасија пожарите, така што зградите не изгореа целосно. Обично палат оган во напуштени згради и хали, така што ваквите инциденти често се случуваат“, рекоа од Министерството за внатрешни работи на УСК.

Објектите каде што мигрантите ги предизвикале пожарите се, наводно, Ловечкиот дом Глиница и Агрокомерц.

Треба да знаете
Последни објави