Search

Мигранти му провалиле во викендичката, а тој ги згрижил

Драгослав Шиник од Градишка во БиХ за време на новогодишните празници откри група мигранти од Багдад  кои провалиле во неговата викендичка. Тие биле премрзнати, гладни и исплашени. Драгослав покажа хуманост за која пишуваат медиумите во регионот.

Во предвечерието на Нова година, тој пристигнал во својата викендичка, дрвена куќичка во селото Гашница, кај Градишка. Тој ја посетуваше почесто бидејќи претходните денови му го украле чамецот што го користел за превоз и риболов на реката Сава, на границата со Хрватска.

Тој беше шокиран кога виде едно девојче пред куќата, речиси идентично со неговата ќерка Сара.

„Отидов по неа, никогаш нема да ја заборавам таа глетка, полн објект, подоцна дознав дека ги има 23, шест многу мали деца, бебе од 9-10 месеци. Сите ме гледаа со страв што ќе направам. Им помогнав да запалат оган, да се згреат, да се преоблечат, отидов на бензинска пумпа со моето возило и им  купив храна, млеко, леб“, рече Драгослав.

Дознал дека тие биле од Багдад, а во Градишка допатувале од Сараево, со такси кое го платиле околу 500 евра.

„Отидов дома, никогаш нема да ја заборавам таа ноќ, сите околу мене се радуваа, беше Нова година, а јас буквално не спиев, размислував цела ноќ. Утрото на 1 јануари, околу 6 наутро, отидов горе за да го посетам објектот. Жалосна глетка, сите беа собрани околу огнот, ми зборуваа на англиски јазик: ‘Ве молам, ве молам, оган, оган’, две деца гореа од температура“ раскажува Драгослав.

Иако бил неработен ден, Драгослав успеал да купи лекови, витамини и овошје. Мигрантските семејства кои влегле во неговиот дом потоа Граничната полиција ги одвела во Центарот за имиграција во Сараево.

Овој човек не им замерил што провалиле во неговиот дом, тој вели дека би го сторил  истото за своето дете.

Од тогаш, вратата на неговата куќа не се заклучува и на неа стои натписот „Open 0-24h“.

Исто така секогаш има  дрва, млеко, вода, хепо-коцки, но исто така и упатство за употреба.

Тука се дури и играчките што ги донела ќерката на Драгослав, Сара, за да им се најдат на оние кои одат во неизвесност.

Драгослав Шиник, хуманитарец од Градишка, е активист на локалниот центар за деца со пречки во развојот, нема постојан приход, ниту осигурување.

Треба да знаете
Последни објави