Search

МИА доби благодарница за дадениот труд и мисија по повод 1000 години Бигорски манастир

 Благодарница од Македонската Православна Црква- Охридска Архиепископија и Бигорскиот манастир „Св.Јован Крстител” за дадениот труд и мисија по повод Миленумскиот јубилеј на Бигорски денеска доби Медиумската информативна агенција (МИА). Благодарницата ја прими директорот на МИА Драган Антоновски.

Во Бигорскиот манастир денеска се одржа централната манфестација на одбележувањето на Миленумскиот јубилеј на која присуствуваше претседателот Стево Пендаровски, кој е покровител на одбележувањето.

Со Божествената архијерејска литургија чиноначалствуваше Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, во сослужение со своите собраќа од Светиот Синод на МПЦ-ОА.

По овој повид ордени и благодарници денеска им беа доделени и на заслужни поединци и организации, кои дале значителен придонес за илјадалетието на Бигорски и за неговата евангелско-просветна мисија.

Треба да знаете
Последни објави