Search

МЗ: Воведовме три нови типови инсулин

Министерството за здравство соопшти дека е целосно посветено на обезбедување најквалитетен третман за сите пациенти со дијабетес.

Во 2018 година, направени се значајни реформи со измената на Законот за лекови и медицински средства. Нема повеќе инсулини од паралелен увоз како порано и во државата донесени се оргинални инсулини со сертификат, какви што се носат во сите развиени европски земји. Воведени се три нови типови на инсулин, два инсулински аналози, инјектибилни и таблетарни. Со ова, значајно се подобрува квалитетот на третманот на дијабетесот, информираат од Министерството.

Со сите чинители, посочуваат, активно се работеше во изготвување на новата 10-годишна стратегија за третман на дијабетес, која во себе содржи елементи кои ја подобруваат превенцијата, раното откривање на дијабетесот, соодветниот третман на ниво на секундарна и терциерна здравствена заштита, а по нејзиното носење почнува ревитализација на сите центри за дијабетес ширум Република Северна Македонија.

Со Предлог-буџетот за 2020 година, обезбедуваме инсулини, инсулински игли, глукагон, ленти за мерење на шеќер и пумпи за континуирано снабдување на инсулин, во висина од 750 милиони денари, стои во соопштението.

Треба да знаете
Последни објави