Search

МЗ: Активно продолжува психолошката поддршка и советување на онколошките пациенти

Министерството за здравство соопшти дека активно продолжува психолошката поддршка и советување на онколошките пациенти и во периодот на справувањето на коронавирусот во државава.

Во соработка со Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија и Комората на психолози, како што се посочува, пациентите за сите прашања, совети, препораки можат да се јават на доктор од Клиниката, кој е достапен секој ден во периодот од 10 до 12 часот на телефонот 078/364-629, на претседателката на Комората на психолози, Мирјана Јовановска Стојановска, која е достапна од 12 до 17 часот на телефонот 070/233-453, на психологот Александра Стефановска, која е достапна во периодот од 15 до 18 часот на телефонот 071/218-050 и на психологот Елена Ѓорѓевска, која е достапна за пациентите од 17 до 20 часот на телефонот 070/494-973.

Од Министерството истакнуваат дека секоја среда во 18 часот преку Zoom се активира групата за психосоцијална поддршка за онколошките пациенти.

Минатата година, Министерството за здравство за првпат овозможи психолошка поддршка за онколошките пациенти, која претставува една од најважните сегменти за успешно лекување на болестите. Правиме сѐ, пациентите подобро и побрзо да го надминат тој тежок период и во време на коронавирусот, стои во соопштението.

Треба да знаете
Последни објави