Search

МЗШВ: Дисциплинската постапка на Трипуновски беше законска и транспарентна

Целата процедура за покренување на дисциплинска постапка за државниот советник Цветaн Трипуновски е водена траспарентно, согласно законските прописи. Апсурдно е тврдењето Трипуновски дека се работи за политичка хајка. Решението за престанок на работниот однос не е поврзано со неговата  партиската определба, туку со прекршување на законските одредби.

Имено, од страна на Државниот секретар на МЗШВ донесен е Предлог за покренување на дисциплинска постапка и формирана е Комисија за водење на дисциплинска постапка, а на самата седница на Комисијата присуствуваше и државниот советник Трипуновски заедно со адвокат. Комисијата утврди дека државниот советник Цветан Трипуновски е одговорен за сторен дисциплински престап по член 73 став 1 точка 22 од Законот за административни службеници, кој што предвидува однесување спротивно на одредбите на Кодексот на административни службеници.

Прекршувањето на законските одредби се јасни. Државниот советник Цветан Трипуновски со своето однесување на работната позиција го прекршил Кодексот за административни службеници. На одржаните прес конференции пренесувал информации и податоци кои произлегуваат од делокругот на работата на МЗШВ и тоа во форма шпекулации, инсинуации и измислици во политички контекст.  Изнесените податоци и информации имаат негативно влијание врз широката општествена јавност, целните ресорни групи,  домашни и странски институции. Со неговото неодговорно и штетно постапување Трипуновски директно ја нарушува довербата на граѓаните во институциите и во системот.

На одлуката за престанок на работниот однос Трипуновски го искористи законското право за жалба до Комисијата за жалби. По одбивањео на жалбата, Трипуновски уредно ја прими одлуката на 20.05.2019 година и истиот согласно законските прописи е одјавен од Агенцијата за вработување.

 

 

Треба да знаете
Последни објави