Search

МЗТ Скопје се договори да ја продолжи соработката со тренерот и капитенот

Македонскиот кошаркарски правак МЗТ Скопје почна да составува тимот за следната сезона, откако од Федерацијата тековната сезона поради повеќемесечниот прекин од пандемијата со коронавирусот ја прогласија за завршена по административен пат, без да биде прогласуван првак. Тоа не му се бендиса на шампионот и лидер до прекинот, но тоа не беше причина клубот од Аеродором при создавањето на новиот состав најпрво да се догвори за продолжување на соработката со тренерот Ѓорќи Кочов и капитенот Дамјан Стојановски.

-Екипата на МЗТ Скопје Аеродром и следната сезона од клупата ќе биде предводена од досегашниот тренер Ѓорѓи Кочов, додека капитен и понатаму ќе биде репрезентативецот Дамјан Стојановски. Двајцата денеска ја догворија соработката, која само формално ќе биде официјализирана во следните неколку дена“, стои во соопштението на МЗТ Скопје.
Во моментов покрај Дамјан Стојановски, договори со МЗТ Скопје имаат и Андреј Магдевски и Бојан Крстевски. МЗТ Скопје во следната сезона веројатно ќе настапува во првата АБА лига на местото од Копер Приморска, но се уште чека официјална потврда за тоа.

Треба да знаете
Последни објави