Search

МЗТ Скопје е непобедлив на домашен терен во АБА 2 лигата

Актуелниот кошаркарски шампион на Македонија и учесник во АБА2 лига, МЗТ Скопје останува сезонава непоразен на домашен терен во регионалното натпреварување, каде веќе има скор пет од пет. Последен, вечерва  во „Јане Сандански“ капитулираше Широки (83-71). Со новиот триумф МЗТ Скопје се врати на втората позиција на табелата.

Гостите имаа добар почеток во првата и втората четвртина од натпреаврот, но МЗТ Скопје беше тимот кој потоа го диктираше ритамот во играта и на одмор замина со десет поени предност (41:31).

Во третата четвртина македонскиот претставник успеа да направи предност од 18 поени (65-47) и да го најви победникот. Широки се обиде да се врати во игра, но домаќинот не му дозволи да направи и резултатски пресврт.

Хиндс со 17 поени беше најдобар поединец во редовите на МЗТ Скопје, Дамјан Стојановски и Магдевски мечот го завршија со по 13 поени.

Треба да знаете
Последни објави