Search

МЗТ Скопје го декласира Борац, Кочов не е задоволен

Македонскиот кошаркарски првак МЗТ Скопје на првиот турнир од регионалната АБА 2 лига, кој се одржа на Златибор ја оставри и третата победа совладувајќи го убедливо Борац од Бања Лука со  99-75. Тимот од Аеродром доминираше на паркетот уште од самиот почеток, беше подобар во речиси секој сегмент во играта. Тренерот на скопјани Ѓорѓи Кочов на крајот од натпреварот не беше најзадоволен од прикажаното на своите играчи.

-Mислам дека одигравме одлично прво полувреме и второ полувреме кое не смее да ни се повтори. Одбрана беше добра, но и на 20 разлика да не се игра во наш систем е недозволиво и тоа може следниот пат скапо да не чини. Тоа ќе го решиме уште утре. Им честитам на моите играчи кои спроведоа голем дел од тоа што бевме договорени. Имавме и добар шутерски ден, меѓутоа катастрофални слободни фрлања, а имаат и осум скока повеќе од нас. Тоа беше прво нешто во планот што моравме да го реализираме, а не го исполнивме и ќе мора да работиме да бидеме уште подобри. Не можеме да играме 20 минути кошарка – изјави Кочов по мечот.

Тимот од Аеродром  е вторпласиран по првиот турнир со скор од три победи и еден пораз, зад црногорскиот тим Студентски центар кој има максимални четири триумфи. Вториот македонски претставник, дебитантот Работнички е во средината со две победи и два порази.

Треба да знаете
Последни објави