Search

МЗТ поразен од ФМП во Белград

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром го претрпе петтиот пораз во шестиот натпревар во регионалната АБА лига, откако вечерва на гостувањето во Белград загуби од ФМП со 101-97.

Во натпревар со многу осцилации во играта, МЗТ на два пати се враќаше од двоцифрена негатива во финишот на двете полувремиња, но на крајот не успеа да го изненади фаворитот и да ја забележи втората победа.

МЗТ Скопје со поразот остана на претпоследното место на табелата, а во следното коло во АБА лигата ќе го пречека Мега Баскет на 27 овој месец во салата „Јане Сандански”.

Треба да знаете
Последни објави