Search

МЖССП: Продолжуваат консултациите со јавноста за Нацрт законот за прогласување на Шар Планина за национален парк

 Поради неможноста да се спроведе класична расправа со физичко присуство Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека остатокот од процесот на јавна консултација на Нацрт-законот за прогласување на дел од Шар Планина за национален парк ќе се реализира преку информативни презентации на национална и локалните телевизии, три фокусирани посебни консултации со релевантните целни групи/засегнати страни и средби со помали групи од руралните заедници со цел да се чујат нивните размислувања.

 Во текот на наредните две недели ќе се се емитува информативна видео презентација на македонски и на албански јазик,  согласно агендата за презентација на јавните расправи, во која ќе бидат споделени утврдените природни вредности и предложени зони од Студијата за валоризација на Шар Планина и претставен изработениот Нацрт-закон, како и упатства каде и како можат да се достават коментари и забелешки по Нацрт-законот. Информативното видео на двата јазика ќе се емитува во утрински и вечерен термин со претходна најава преку национална телевизија, локалните телевизии и профилите на социјалните мрежи на Министерството, информираат оттаму.

Од МЖСПП додаваат дека од 26 до 30 октомври ќе се спроведат три фокусирани посебни консултации со релевантните целни групи/засегнати страни – граѓанско општество – НВО (online), со градоначалниците од регионот каде се прогласува заштитеното подрачје, ЗЕЛС, со претставници на месните заедници (online) и со стопански комори и локален бизнис сектор (online).

– Од 26 октомври до 1 ноември ќе се спроведат директни средби (во помали групи) со руралната заедница на тема сослушување на локалните потреби и унапредување на традиционалните активности во идното заштитено подрачје. На 5 ноември ќе се одржи официјална јавна расправа (online) на ЗООМ платформа (со обезбеден симултан превод на двата јазика). Достапна е отворена телефонска линија во Архус Центарот за доставување на забелешки и коментари по Нацрт-законот: 070 666 230; 076 319 503 и 076 319 501, информираат од Министерството.

Испратено писмено барање на мислење до сите утврдени засегнати страни и институции со упатување на линкот на кој е достапен Нацрт-законот (ЕНЕР и ВЕБ страницата на МЖСПП). Од Министерството потстуваат дека консултацииите со јавноста во целиот период се отворени. Нацрт- законот е достапен на ЕНЕР и на веб страницата на МЖСПП, а забелешки и коментари можат да се доставуваат постојано, а најдоцна до 15 ноември 2020 година. 

Треба да знаете
Последни објави