Search

МЖСПП со појаснување за вредностите на ПМ 10 во Кичево

Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека високите вредности на ПМ 10 суспендираните честички кои пред кратко време се појавија на мерното место во Кичево се резултат на стабилизација на мерниот инструмент по настанат прекин со напојување со електрична енергија на тамошната автоматска мониторинг станица за квалитет на амбиентен воздух, во периодот од 15 до 19 часот.

При тоа,  како што соопшти вечерва Министерството, настанат е прекин во мерењата на сите параметри за квалитет на воздух вклучувајќи ги и мерењата на концентрацијата на ПМ 10 честичките. По доаѓањето на електричната енергија мерните инструменти се рестартирани, а појавените високи вредности на измерени концентрации на суспендираните ПМ честички се случија поради процесот на стабилизација на инструментот по неговото повторно ставање во функција и се невалидни, појаснува во соопштение МЖСПП.

Треба да знаете
Последни објави