Search

Меџити: Власта има 64 пратеници, за да го спаси Артан зема пратеници од опозицијата, значи таа е Алијанса за Артан, а не за Европа

Високи функционери на ДУИ, познати како „Огнената група“ -потпретседателот Изет Меџити, организациониот секретар Блерим Беџети, секретарот за родова еднаквост Саранда Имери, претседателот на Надзорниот совет Муса Џафери, членот на Претседателството Невзат Бејта, Пратеникот Кастриот Реџепи, градоначалникот на општина Чаири Висар Ганиу, заменик министерот Башким Хасани и државниот секретар Аднан Ејупи.вечерва одржаа средба со граѓаните и партиската база во Гостивар, побараа отворени листи и дискусија во раководството.

Меџити пред граѓаните нагласи дека ова незадоволство почнало порано.

-Го одложивме гласањето на владата за 17 дена, потоа ја спасивме владата со Кастриот. Да но ние разговаравме за овие грижи во претседателството и наоѓавме решенија. Сега имаме коалиција за Европа, зошто до сега не бевте со Европа? Кога ќе има потреба Артан ќе направи за Европа, зошто сега Кастриот не е за Европа. Во време кога власта има 64 пратеници, за да го спаси Артан, зема пратеници од опозицијата, значи таа е Алијанса за Артан, а не за Европа. Трчајќи да правиме акробации за 81, можеби немаме ни 61 пратеник. Гледаме дека не сме на вистинскиот пат, затоа што ова го слушаме од граѓанинот. Двајца граѓани од Полог ми рекоа фала што излеговте дека ќе ја спасите ДУИ, како што почна Артан се плашиме да ќе ги изгубиме изборите. Не излеговме да бараме позиции, туку го спасуваме лицето на Али Ахмет”, рече Меџити, заклучувајќи дека ни рекле дека грешите, дојдете дома, но вратата ни е затворена, затоа граѓаните ни ја отворија вратата.

Грешка беше Артан Грубин да биде организационен секретар бидејќи не ја познава структурата. Имаме парламент со лојални, но не и квалитетни пратеници. Ни требаат Отворени листи, рече Меџити.

 

Треба да знаете
Последни објави