Search

Меџик Џонсон: Лејкерс ќе го повторат успехот и следната сезона

Легендарниот кошаркар од НБА-лигата и поранешен претседател на Лос Анџелес лејкерс, Меџик Џонсон, верува дека тимот ќе ја одбрани шампионската титула во следната сезона.

-Леброн Џејмс уште еднаш докажа дека е најголемиот играч на светот, докажа дека требаше да биде прогласен за најкорисен играч во НБА. Второ, Ентони Дејвис со играње во регуларниот дел и плејофот покажа дека е втор најдобар играч во НБА оваа сезона. Запомнете, предвидувам токму тука, во моментов, дека Лејкерси ќе го повторат тоа следната сезона, изјави Џонсон.

Лејкерс ноќта недела кон понеделник го совладаа Мајами хит со 106:93 за вкупни 4-2 во финалната серија од НБА сезоната 2019/20.

Треба да знаете
Последни објави