Search

Меј : Парламентот ќе одлучи за нов референдум за Брегзит

Британската премиерка Тереза Меи синоќа изјави дека на парламентот ќе му биде дадена можност да гласа за тоа дали ќе се одржи нов референдум за членството на Велика Британија во Европската Унија (ЕУ).

Меј рече дека предлогот на договорт за повлекување од ЕУ, кој планира да го претстави на парламентот идниот месец, вклучува одредба за гласање за одржување нов референдум за брегзит.

Ова е клучно барање на бројни опозициски пратеници, вели АП, додавајќи дека Меј нуди отстапки за она што таа го нарекува ,,последна шанса” за да се обезбеди регуларното британско заминување од Унијата. Договорот кој Меј го постигна со ЕУ, досега трипати беше одбиен од страна на британскиот парламент.

Треба да знаете
Последни објави