Search

Меј не планира ново гласање за договорот за Брегзит на 13 февруари

Британската премиерка Тереза Меј изгледа дека не планира на 13 февруари во Парламентот повторно да се гласа за нејзниот договор со ЕУ за Брегзит, јавија светските агенции повикувајќи се на неименуван извор во Владата.

Претходно „Скај њуз”, исто така повикувајќи се на неименувани извори, објави дека Меј вчера во разоговор со конзервативни пратеници рекла дека за 13 февруари планира повторно гласање во Парламентот за договорот за Брегзит.

Договорот претходно беше отфрлен со мнозинство гласови.

Меј во меѓувреме рече дека планира да обезбеди отстапки во врска со границата меѓу Република Ирска и британската покраина Северна Ирска, за да добие поддршка од пратениците од нејзината партија кои се за Брегзит и од малата северноирска партија која ја поддржува нејзината влада.

Британските пратеници денеска ќе гласаат за неколку необврзувачки амандмани на плановите на Меј, кои таа ги поднесе по гласањето со кое се отфрли нејзниот договор со ЕУ за Брегзит.

Со еден од клучните амандмани се обидува да се обврзе Владата повторно да преговара за таканаречениот „бекстоп” кој трeба да гарантира отворена граница меѓу Република Ирска и Северна Ирска по Брегзит. Со друг се предлага продолжување на преговарачкиот процес за Брегзит по март.

Треба да знаете
Последни објави