Search

Меј: На 7 јуни поднесувам оставка (видео)

Британската премиерка Тереза Меј најави денеска дека на 7 јуни ќе поднесе оставка со што подлегнува на притисоците од нејзината Конзервативна партија да отвори пат нов лидер на партијата и премиер да се обиде да прекине застој околу брегзит.

– Сега ми е јасно дека во најдобар интерес на државата е новиот премиер да ги предводи тие напори. Затоа, денеска објавувам дека поднесувам оставка како лидер на Конзервативната партија в петок на 7 јуни, изјави Меј.

Тоа автоматски значи и замиинување од премиерката функција што ја извршуваше речиси три години (од јули 2016 година).

Меј рече дека за својата одлука ја информирала кралицата Елизабета Втора.

Таа наглaси дека направила се за да се спроведе брегзит.

– Направив се што можам за да ги убедам пратениците од парламентот да го поддржат тој договор…За жал, не успеав во тоа, нагласи таа.

Процесот за избор на нов лидер ќе почне следната недела.

Меј додаде дека Конзервативната партија ќе им служи на граѓаните во годините кои доаѓаат. Таа ќе остане на функција за време на внатрепартиските избори во Конзервативната партија што траат околу шест недели. Изборната трка ќе почне најверојатно на 10 јуни по посетата на американскиот претседател на Велика Британија.

Говорот на премиерката пред Даунинг стрит 10 беше емитуван, а обраќањето го заврши со солзи.

Треба да знаете
Последни објави