Search

Меѓу добитниците на спортски ваучери за годинава не се најде и ФФМ

Според постигнатите резултати и направеното рангирање на клубовите Агенцијата за малди и спорт го направи списокот за распределба на ваучерите за 2020 година. Ваучер со најголема вредност од 21,8 милиони денари добива актуелниот европски ракометен шампион Вардар. Зад него со скоро 4 милиони помалку е битолски Еурофарм Пелистер, а потоа следуваат кошаркарските клубови МЗТ Скопје и Работнички.

Фудбалските клубови Шкендија и Вардар се на дното од листата со 10 екипи кои ќе ги добијат  ваучериите со највисок износ.

АСМ направи распределба на 10 милиони евра, кои државата ќе ги пласира во спортските федерации и клубови согласно Законот за ослободување од данокот на добивка.

Најмногу пари ќе завршат во клубовите од спортското друштво Вардар, каде што најпрофитабилен е европскиот ракометен првак Вардар, кој доби 21,8 милиони денари што е околу 355.000 евра. Следува фудбалскиот клуб со ваучер од 10,5 милиони денари, кошаркарите од вардаровото семејство ќе добијат 6,9 милиони денари, а одбојкарите со 1,8 милиони денари. Веднаш зад вардарци е актуелниот кошаркарски шампион МЗТ Скопје со 15,8 милиони денари за првиот тим, како и со 4,9 милиони денари за вториот тим кој исто така игра во Првата лига.

Зад нив е вториот македонски претставник во Лигата на шампионите (ЛШ), Еурофарм Пелистер, во доби ваучер во износ од околу 300.000 евра (17,9 милиони денари), по што следуваат КК Работнички и РК Металург со по 13,9 милиони и КК Куманово и РК Пролет со по 11,9 милиони денари.

Актуелниот фудбалски шампион Шкендија е на дури седмото место по висина на парите добиени од државата, од каде што според ваучер-системот ќе инкасира 11,5 милиони денари, еден милион повеќе од најтрофејниот фудбалски колектив кај нас, Вардар. Во одбојката, најмногу пари ќе завршат во саката на ОК Џио и тоа четири милиони денари.

Во распределбата на парите од државата за 2020 години, ниту еден денар нема да заврши во касата на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), поради фактот што Агенцијата за млади и спорт (АМС) не го признава актуелното раководство за кое смета дека е нелегитимно. Најмногу се „опари“ Ракометната федерација на Македонија (РФМ), која инкасира 22,835 милиони денари (370.000 евра), додека добрите резултати на европска сцена на одбојкарите им го донесоа второто место и ваучер во износ од 18,688 милиони денари. Кошаркарите, пак, „паднаа“ на третата позиција, што сигурно нема премногу да ги здоболи знаејќи дека тоа ќе им донесе 16,615 милиони денари односно околу 270.000 евра.

Автомобилистот Игор Стефановски-Иџе доби 400.000 денари, сума која дефинитивно нема да го израдува со оглед на големите трошоци во спортот во кој бележи солидни резултати, а од индивидуалните спортисти најмногу пари ќе инкасира борачот Магомедин Нуров со 700.000 денари.

Листата на клубови со добиен ваучер од над 10 милиони денари гласи:
21,8 за РК Вардар
17,9
 за РК Еурофарм
15,8
 за КК МЗТ
13,9
 за КК Работнички
13,9
 за РК Металург
11,9
 за КК Куманово
11,9
 за РК Пролет
11,5
 за ФК Шкендија
10,5
 за ФК Вардар

Фудбалски клубови:
11,5 за Шкендија
10,5 за Вардар
9,8 за Академија Пандев
8,8 за Шкупи
7,9 за Македонија ЃП
7 за Работнички
6 за Ренова
5,4 за Силекс
4,9 за Струга
4,1 за Борец
3 за Пелистер
2,8 за Тиквеш
2,5 за Брегалница
2,4 за Кожуф

Кошаркарски клубови:
15,8 за МЗТ
13,9 за Работнички
11,9 за Куманово
9,9 за Гостивар
8,9 за Кожув
7,9 за Пелистер
6,9 за Вардар
5,9 за Академјија ФМП
4,9 за МЗТ 2

Одбојкарски клубови:
4 за Џио
3,5 за Вардар
3 за Лирија
2,5 за Универзитет Тетово
2, за Студент
1,5 за Весна
1,2 за Борец

Ракометни клубови:
21,8 за Вардар
17,9 за Еурофарм
13,9 за Металург
11,9 за Пролет
7,9 за Бутел
5,9 за Струга
4,9 за Пелистер
4,4 за Охрид
3,9 за Радовиш
3,4 за Работнички
2,4 за Борец

Женски клубови во различни спортови:
3 за ЖРК Металург
3 за ЖКК Вардар
2,5 за ЖРК Куманово
2,5 за ЖКК Бадел
2 за ЖРК Пелистер
2 за ЖКК Струга
1,6 за ЖКК Крива Паланка
1,5 за ЖФК Тиверија
1,5 за ЖРК Стружанка…

Целосната листа можете да ја погледнете тука.

Треба да знаете
Последни објави