Search

Меѓусебни обвинувања меѓу Тајван и Кина по тепачка на прием по повод националниот празник на Тајван

Кина и Тајван упатија меѓусебни обвинувања во врска со инцидент на Фиџи, што избувнал меѓу кинески дипломати и вработени во тајванската Влада.

Инцидентот се случил на 8 октомври, на прием по повод националниот празник на Тајван.

Двете страни ги оспоруваат меѓусебните тврдења за тоа што ја предизвикало тепачката, по што службеник на тајванската Влада беше хоспитализиран со повреда на главата. Според Пекинг, еден кинески дипломат бил повреден во тепачката.

Инцидентот се случил кога тајванските власти се обиделе да спречат кинески дипломати да ги фотографираат собраните на приемот.

Министерот за надворешни работи на Тајван, Џозеф Ву, на Твитер напиша дека Тајван го осудува насилството, дека нема да биде заплашен и оти ќе продолжи да го слави својот национален празник.

Кинеската амбасада на Фиџи соопшти дека верзијата на Тајван за настанот не е вистинита и го критикуваше организирањето на прославата на Денот на Тајван и непочитување на принципот „една Кина”.

Тајван и Кина се разделија после граѓанската војна во 1949 година. Кина сè уште го смета овој остров за своја територија.

Треба да знаете
Последни објави