Search

Меѓународeн турнир во мал фудбал во чест на Тоше Проески.

Од 24 – ти до 26 – ти јануари, во спортската сала „Форца“ ќе се одржи 11 – то издание на Меѓународниот турнир во мал фудбал во чест на Тоше Проески.

Општина Карпош е главен покровител на овој спортски настан, кој се организира во спомен на нашата музичка легенда која е родена на 25.01.1978 година.

 

Оваа година учествуваат екипи од Општина Карпош, Општина Крушево, НЛБ Банка, „Лиличи Ароши“ (Велес),  Нова Градишка (Хрватска), Корча (Албанија), „Мандра“ – Скопје и Општина Чаир.

Со учеството на тимови од различни држави се потврдува дека Тоше беше личност која обединуваше различни култури и држави.

Во посета на Карпош и Скопје ќе биде и градоначалникот на Нова Градишка, Винко Гргиќ, кој ќе оствари и средба со градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев.

Проески беше и жител на Општина Карпош, живеејќи во Злокуќани, а трагично загина во Нова Градишка. Со цел да не се заборави неговата мисија и вредност овие две општини негуваат континуирана соработка на полето на спортот и културата.

 

Турнирот започнува во сабота (25.01), во 10:00 часот.

Во недела (26.01), од 10:00 се игра натпреварот за трето место, а во 10:45 часот е финалето на турнирот.

Од 12:30 до 13:00 часот е доделувањето на пехари и благодарници во хотелот „Александар Палас“.

 

Турнирот се организира во соработка со Здружението на стопанственици Власи „Мандра“. Општина Карпош ги поканува сите граѓани да бидат дел од овој спортски настан.

Треба да знаете
Последни објави